петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов ќе потроши 13 милиони денари за новогодишно да го украси Скопје: Едвај дишеме од загаденоста, но барем ќе ни “светне“

Шилегов ќе потроши 13 милиони денари за новогодишно да го украси Скопје: Едвај дишеме од загаденоста, но барем ќе ни “светне“

Со 150.000 евра, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, може да купи една нова мерна станица за воздух. Но наместо тоа, тој реши да потроши многу повеќе пари за Скопје да блесне пред нова година.

Градоначaлникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека за украсување на градот пред нова година ќе бидат потрошени 13 милиони денари.

Во време кога едвај дишеме поради загаденоста на воздухот, градоначалникот Шилегов од наши пари ќе прави новогодишна населба Винтерленд.

-Ни се ближат едни од најубавите празници, новогодишните и Божикните. Граѓаните на Скопје мора од својот град да добијат нешто што не го добивале досега. Она што го гледаме, по слики, по разгледници, по репортажи зошто да не го направиме во нашиот град. Не треба да бидеме скептици за некои новини, рече Шилегов во врска со Винтерленд.

Интересно е што додека Скопје се „кити“ за Нова Година, граѓаните едвај дишат поради загадениот воздух, а болниците се полни со пациенти со респираторни проблеми. Други граѓани пак воопшто и не знаат што дишат бидејќи мерните станици не работат во најзагадените делови на Скопје.