четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Шилегов се фалеше дека го исчистил воздухот, но 4 години неработа доведе до максимално загаден воздух“

„Шилегов се фалеше дека го исчистил воздухот, но 4 години неработа доведе до максимално загаден воздух“

Шилегов се фалеше дека го исчистил воздухот, но 4 години неработа доведе до максимално загаден воздух. 4 години преспани од СДСМ доведоа до најзагаден воздух во регионот и Европа. 4 години СДСМ немаше преземено ништо за спречување на загадувањето на воздухот, како на централно, така и на локално ниво, стои во соопштението на ВМРО-ДПМЕ.

Од партијата велат дека и оваа година владата не планира ништо суштински во насока животната средина и борба против загадувањето на воздухот.

– И во најголемиот буџет до сега, нема реални проекти кои ќе го подобрат квалитетот на воздухот. Со СДСМ државата тоне. За подобрување потребни се промени на централно ниво. Затоа брзи предвремени избори се единствено решение, се додава во партиското соопштение.