недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов со градски пари купи машини од Анѓушев

Шилегов со градски пари купи машини од Анѓушев

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска ставија во употреба 10 нови машини за метење на јавните и на сообраќајните површини. Новите машини кои ги набави ЈП „Комунална хигиена“ ќе бидат распоредени во сите скопски општини.

Градоначалникот Петре Шилегов објави дека денеска ги промовира првите 10 од вкупно 47 комунални возила што ќе бидат набавени оваа година. Станува збор за 10 метлачки за одржување на хигиената на јавните површини – сообраќајници, велосипедски патеки и тротоари.

Инаку машините се од брендот Green machines кои всушност ги произведува велешката компанија Брако чиј претседател на одборот е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, пренесе Фактор.

Огромна сума на пари од џебот на скопјани легна на сметката на Анѓушев.