Силно невреме, проследено со силен дожд и грмотевици, како и ветер го зафати Скопје.
Од УХМР информираат дека можна е појава на град.
„Невремето со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер од источните делови од Македонија се придвижува кон западните делови и се очекува да ги зафати Тиквешијата и Пелагонија, а подоцна во вечерните часови и делови од Скопската Котлина ќе бидат зафатени од невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град“, информираат од УХМР.
извор: skopje1.mk