Проектот со ЕБРД не е стопиран туку е во преговори. Затоа што на граѓаните треба да им биде јасно дека сето она што е за нивна корист ќе виде спроведено. Никој нема ништо да стопира што е за нивно добро и нема да се наштети на интересот на граѓаните ниту пак буџетот на граѓаните. Ова е проект којшто за жал има многу предизвици, меѓутоа преговорите се во насока да се овозможи нешто што ќе биде добро за сите. Не стопирам јас проект, тоа е груба лага и манипулација, за мостот АСНОМ. Мостот се гради и булеварот се гради и тоа се проекти за доброто на граѓаните. Но граѓаните не знаат дека некој си го распишал тендерот, си ги поделил парите а не ги решил проблеми и ги оставил. Посебно над 70 предмети за експропријација и нерешени правни ситуации каде не смее да се дозволи некои луѓе да не бидат обештетени, некој да остане без својата куќа, без својот дом. Ништо не е застанато, се што е во интерес на граѓаните ќе се продолжи, но не на штета нивна за да се заштити нечиј интерес. Тоа нема да се дозволи. Нема да е турка проект којшто може да има некакви реперкусии или ако не е најдобро решение, истакна градоначалничката Данела Арсовска на емисијата Вин Вин.