Обилните врнежи од дожд го поплавија многу улици низ Скопје, поплавен е и паркингот пред Центарот за јавно здравје-Пролет, а слична е состојбата и во Петровец каде насобраната вода наликува на езеро.
На Твитер исто така се објавени фотографии на кои се гледа како цела улица е под вода во населбата Капиштец.
Под фотографиите стои напис „Ова е реката Козара во Капиштец“, со алузија на улицата „Козара“ која е целосно поплавена.
Ова е реката Козара у Капиштец pic.twitter.com/VYGMTUFzLx
— ДечкотоОдЦентар (@DeckotoC) August 6, 2020