Патниците се жалат на системот за наплата на градскиот превоз. Од ЈСП признаваат дека се појавуваат проблеми и недоразбирања кој во континуитет ги решаваат со корисниците, пишува “Вечер”.
Инаку, ЈСП секој ден на градските и приградските линии пушта во сообраќај по 300 автобуси кои превезуваат по 150.000 патници. Ако на тоа се додадат и автобусите на приватните превозници, тогаш бројката на превезени патници достигнува до 180.000 дневно. Доколку на секој десетти патник му се случи системот да му лапне по 5 денари, тоа значи дека во касата на ЈСП, поради системска грешка влегуваат по 90.000 денари дневно или 2.700.000 денари месечно.
Патници кои ги користат услугите на јавниот градски превоз се жалат дека системот за наплата на автобуските картички им краде пари. Тие посочуваат дека многу често се случува да им биде украдено едно возење, или пак, еднаш терминалот во автобус да покаже дека на картичката имаат 5 денари кредит, а потоа при проверка на апаратот во билетара да добијат писмено известување дека воопшто немаат пари.
– Има сериозен проблем во системот на наплата на билетите бидејќи неколку пати ми се случило да при надополнување на картичката “скопска” да ми дадат во билетарницата на ЈСП, известување дека немам пари, иако во автобускиот терминал ми покажа дека имам уште 5 денари и дека треба да си ја надополнам картичката. Како може тоа да се случува ако и двата апарати се поврзани во истиот систем, а покажуваат различно – изјави патничка за “Вечер”.
Јавното сообраќајно претпријатие секој ден на градските и приградските линии пушта во сообраќај по 300 автобуси кои превезуваат по 150.000 патници. Ако на тоа се додадат и автобусите на приватните превозници, тогаш бројката на превезени патници достигнува до 180.000 дневно. Доколку на секој десетти патник му се случи системот да му лапне по 5 денари, тоа значи дека во касата на ЈСП, поради системска грешка влегуваат по 90.000 денари дневно или 2.700.000 денари месечно.
Дека има, благо речено фалинки во системот, покажува и друг пример на патничка. Таа вели дека на 22 јануари ја надополнила картичката со 250 денари за десет возења кои треба да се искористат за две недели, во овој случај до 4 февруари. Таа вели дека иако имала уште едно возење од платените 10, денеска се изненадила кога во автобус апаратот и покажал дека нема повеќе слободни возења. Во билетарницата на ЈСП и кажале дека на 31 јануари и поминал рокот за искористување на платените 10 билети, што е четири дена пред дозволените 15 дена.
– Едно возење ми е избришано иако имав да се возам уште еднаш – вели таа.
Од ЈСП признаваат дека во текот на овој период колку што функционира системот, се појавуваат проблеми и недоразбирања кој во континуитет ги решаваат со корисниците.
– Не ја отфрламе можноста да настанат некои грешки во самиот систем, или пак, од страна на човечки фактор. По утврдување на состојбата, доколку грешката е од страна на ЈСП “Скопје”, веднаш се обесштетуваат корисниците. Во конкретиот случај, доколку би го имале бројот на картичките, истите би биле проверени од страна на нашите служби, како би се решиле сите недоразбирања – стои во одговорот од ЈСП.
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, пред три месеци, на стартот на обавување на функцијата, рече дека има сериозна потреба од промена во системот на вадење на автобуските билети за ЈСП, во смисла на цената и поинаков тип на услуги. Шилегов тогаш не одговори конкретно дали ќе има некакви промени.