четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Со пари наменети за реконструкција на Универзална сала се исплаќале плати

Со пари наменети за реконструкција на Универзална сала се исплаќале плати

Извештајот на Државната ревизија за успешноста на шесте пакет економски мерки на Владата покажа дека дел од институциите ги користеле парите за други цели, иако биле наменети за проекти.

Дел од институциите добиле средства во износ од 67.780 илјади денари, а г искористиле за исплата на плата на вработените, без никаков законск основ.

Финансиските средства биле доделени за реконструкција на Универзална сала, набавка на механизација и товарни возила, подмирување на обврски настанати пред периодот на прогласување на пандемијата, но не биле искористени за нивната цел.