сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Советничка група на ВМРО- ДПМНЕ: И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Советничка група на ВМРО- ДПМНЕ: И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од дома и ќе добиете 100 евра“, што е уште еден дегутантен обид на Шилегов да биде актуелен по секоја цена, и по се друго, само да не биде актуелен со работа она за што Скопјани го плаќаат, велат од Советничката група на ВМРО- ДПМНЕ.

-Значи Петре Шилегов наместо да засука ракавите и почне да работи, од дома тера пи ар, и се однесува како воен профитер. Ако сака Шилегов искрено да помогне нека ја зголеми бројката на автобуси кои превезуваат патници во ударните термини, наместо постојано да ја намалува а скопјани да ги преполнуваат претесните автобуси? Ако сака Шилегов да помогне, нека се зафати со 24 часовно миење на улици, а не парадерско фотографирање. Ако сака Шилегов вистински да помогне, наместо градски забавувач нека биде градски татко и нека го реновира средното училиште чиј кров го одвеа последното невреме? Ако Шилегов сака да работи одговорно, наместо да пишува додворувачки статуси за Филипче, нека помогне градот со набавка на бесплатни маски за заштита на Скопјани. Ако Шилегов е вистински одговорен тогаш во ек на криза немаше туристички да се шета во Шпанија а притоа да не примени самоизолација, велат и додаваат:

„Доста е од парадерство. И профитерството на Петре се претера, Скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи“.