За жал Градот Скопје е најпогоден од корона вирусот. Покрај тоа што автобускиот превоз на ЈСП преставува главен корона кластер, тоа од скоро ќе бидат и шалтерите на наплата на ЈП Водовод, велат преку соопштение од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.
Имено со одлука на управниот одбор на ЈП Водовод и поддршка на директорот Душко Весовски токму во моментите на најголема зараза со корона спроведуваат акција за наплата на заостанатите долгови за вода. Притоа заостанатите долгови мораат да се подмирен во исклучително тесен период од 2.11 до 15.12 односно за помалку од месец и половина.
Тоа значи гужва на шалтерите на Водовод каде поради мерките за заштита и превенција од корона моментално има по еден сменски работник.
Свесно или не, во трка по профит Водовод на Петре Шилегов ќе стане нов корона кластер во градот Скопје. Во исто време додека Весовски и Шилегов собираат арач од граѓаните и ги втурнуваат во опасност од корона, се слеваат стотици илјади евра за интелектуални и адвокатски услуги за адвокати и бироа на власта, а ЈП Водовод станува дувло на партиски вработувања, стои во соопштението на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.