Скопје се гуши! Загаденоста на воздухот е енормна, а концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички во воздухот е и до 5 пати над дозволеното, велат преку соопштение од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.
Скопјани не дишат воздух, туку смог и смрт.
Воздухот е презагаден, поминува уште една година, а Шилегов не одвои ниту денар за намалување на загадувањето, но затоа има половина милион евра за украсување и диносауруси во скопската зоолошка.
Шилегов вети дека ќе го реши проблемот со загадувањето, а еве го преспа цел мандат и проблемот се уште не е решен.
Од година во година загадувањето е се поголемо, нема нови зелени површини, нема инвестиции во енергетски ефикасни фасади, нема нов јавен транспорт или трамвај како што ветуваше Шилегов.
Да го потсетиме Шилегов дека ова е последна зима како е градоначалник на Скопје, и дека треба да се потруди барем малку да влијае на намалување на загадувањето, за скопјани да дишат нормално, стои во сооштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.