Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје побара на денешната седница на Советот во град Скопје да се расправа како вонредна точка за состојбата и правата на пожарникарите од противпожарната единица на градот.
интегрален текст од соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека пожарникарите не го добиваат надоместокот за опасност при работа иако имаат право на тоа и е законска обврска на Градот.
-Тие ги ризикуваат животите и спасуваат други животи додека Градот и градоначалникот Шилегов нема слух за нивните потреби, иако за тоа нивно право за исплаток на надоместок за опасност при работа имаат и одлука на судот дека им припаѓа, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
За жал СДСМ и мнозинството во Советот гласаа против тоа да се разговара за алармантната состојба со правата на пожарникарите од противпожарната бригада на Градот Скопје.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во целост ги поддржува барањата на пожарникарите и апелира градоначалникот Шилегов и градот Скопје да им ги исплатат ветените средства и надоместоци за опасност при работата.
Крајно несериозен и потценувачки е односот на Шилегов и градот Скопје кон луѓето кои работат за скопјани и нивната безбедност. За него темата со правата на пожарникарите е неважна да биде предмет на јавна дискусија.