среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Советници во Град Скопје: Додека фирмите отпуштаат луѓе поради корона кризата, Шилегов вработува 175 партиски послушници во ЈСП

Советници во Град Скопје: Додека фирмите отпуштаат луѓе поради корона кризата, Шилегов вработува 175 партиски послушници во ЈСП

Мрзливиот Шилегов со скандалозни вработувања во претпријатието кое тоне во долгови и живее на субвенции од градот Скопје. Додека фирмите отпуштаат луѓе поради корона кризата, мрзливиот Шилегов вработува 175 партиски послушници во ЈСП, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Неработникот Шилегов молчи и не коментира затоа што е фатен жив како ги распарчува и превработува државните институции со партиски војници додека приватниот сектор едвај преживува. Нема објаснување од Шилегов како дури по 3 години од законот за јазици на списокот од 175 партиски вработувања се најде и место за советник на директорот за спроведување на овој закон. Што ќе го советува директорот овој советник кога ЈСП нема ниту преведувачи, потенцираат советниците од Град Скопје и додаваат:

„Потоа директорот на ЈСП ќе добие и оперативен директор и директор за инвестиции. Која инвестиција ќе ја донесе во ЈСП кога ова претпријатие живее со донациите и субвенциите на градот Скопје. Зошто во ЈСП неработникот Шилегов вработува лице за обезбедување и чување на имот кога претпријатието троши грдни пари за најмување на агенција за обезбедување на имоти и лица. Јавноста ќе памети наместо работа 175 вработувања на партиски војници на мрзливиот Шилегов“.