четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со предлог: Стојанче Стоилов и Вардар да ја добијат наградата 13-ти ноември

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со предлог: Стојанче Стоилов и Вардар да ја добијат наградата 13-ти ноември

На седницата на Советот на градот Скопје се расправаше за покривање на трошоците за превоз и пречек на членовите на РК Вардар и доделување на награда за ракометниот клуб со стручниот штаб за освојувањето на првото место.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи Стојанче Стоилов и Вардар да бидат предложени за доделивање на 13-то ноемвриската награда.

Претседателката на Советот, Љубица Јанчева посочи дека тоа ќе треба да се пренасочи низ посебна процедура.