Советничката група на ВМРО-ДПНЕ во Општина Гази Баба по денешниот инцидент кој се случи во населбата Сингелиќ, најавува дека ќе бара зголемено присуство на патроли во општината.
-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија во Општина Гази Баба изразува загриженост за безбедносната состојба во Општина Гази Баба. Секојдневно до нас стигнуваат поплаки од жители на Општината за зголемена несигурност и нивна нарушена безбедност. Го осудуваме вечерашниот инцидент во населеното место Сингелиќ и ги повикуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи што поскоро да го расветли случајот. Како членови на Советот на Општина Гази Баба избрани од граѓаните уште на првата наредна седница на Советот ќе побараме зголемување на патролите низ населените места, бидејќи имаме обврска да се грижиме за безбедноста на жителите на Општина Гази Баба, стои во објавата на Фејсбук на советниците.