среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стенд ап комедија со Бојан Велевски вечерва од 20 часот во Кисела Вода

Стенд ап комедија со Бојан Велевски вечерва од 20 часот во Кисела Вода

Вечерва со почеток во 20 часот, во паркот „Македонија” (кај домот на култура „Билјана Беличанец”), стенд ап настап ќе има Бојан Велевски, еден од најактуелните комичари кај нас периодов.

Истиот е дел од неговата голема турнеја, најголемата стенд ап турнеја во Македонија, но и дел од стратегијата и заложбите на Општина Кисела Вода за обезбедување квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани.

-Ги покануваме сите оние кои се расположени да поминат една убава вечер исполнета со смеа и забава да бидат дел од овој настан. Влезници не се потребни. Ве очекуваме, велат од општината.