петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојаноски: Волково ја сака МАКЕДОНИЈА, ВМРО-ДПМНЕ е најсериозен партнер на граѓаните

Стојаноски: Волково ја сака МАКЕДОНИЈА, ВМРО-ДПМНЕ е најсериозен партнер на граѓаните

Три години на власт СДСМ, три години во Волково нема ниту еден реализиран проект. Дури ни оние кои што ги остави владата на ВМРО-ДПМНЕ, три години не се реализирани, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Волково ја сака Македонија и Волково дише за Македонија. Тука живеат луѓе коишто се патриоти и коишто сакаат да ја градат и да ја развиваат оваа држава. ВМРО-ДПМНЕ е нивниот најсериозен партнер за тоа. Верувам дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги администрира и реализира многу побрзо и многу подобро проблемите на граѓаните коишто ги имаат тука. Волковчани, граѓаните на Кисела Jабука, граѓаните на Стопански Двор немаат подобар партнер од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се докажало во минатото, а тоа ние ќе го докажеме и во иднината. Ќе работиме многу, ќе работиме многу повеќе, ќе бидеме почесни и ќе бидеме многу попосветени. Граѓаните на Волково го заслужуваат тоа, граѓаните на Волково заслужуваат да живеат во чесна и достоинствена Република Македонија, порача тој.