недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Ги демантирам изнесените невистини, не сум дал ниту усна, ниту пак писмена забрана за гаснење на затоплување во ООУ „Мирче Ацев“

Стојкоски: Ги демантирам изнесените невистини, не сум дал ниту усна, ниту пак писмена забрана за гаснење на затоплување во ООУ „Мирче Ацев“

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку својата социјална мрежа Фејсбук испрати Демант до Телевизја Телма која во вестите во 15:30 часот изнела дека е од негова страна е дадена забрана за користење на парно греење во ООУ „Мирче Ацев“.

Неговиот демант во продолжение ви го пренесуваме во целост:

„Сакам да упатам демант на грубите лаги и невистини изнесени во прилогот во вестите во 15:30 на TV Telma , во кој се наведува дека од моја страна е дадена забрана за користење на парно греење по 15 часот во ООУ „Мирче Ацев“, како и дека тоа било со цел да се заштеди нафта.
Од моја страна ниту усмено, ниту писмено во изминативе три месеци, од доаѓањето на функција, во ниту еден момент не било наложено или пак посочено како и до колку часот да се користи парното греење во било која институција под надлежност на Општината, а ниту на памет не би ми текнало тоа до го направам во училиштата.
И самата директорка која скоро четири години ја извршува функцијата, јавно посочи, дека лага е објавената вест, во која се наведува дека парното греење се исклучува по моја наредба. Напротив, од кога е дојдено новото раководство на Општина Ѓорче Петров, ги посетивме сите училишта, ги нотиравме проблемите и побаравме да се направи сѐ што треба за секој ученик, како и наставниот кадар, за да можат непречено и во хумани услови да оддржуваат настава. Доказ за тоа може да се најде и по медиумите и на социјалните мрежи каде постојано се споделуваат информации за активностите, но и во самите училишта.
Го повикувам медиумот да објави доказ, дека од моја страна била издадена било каква забрана за користење парно после 15 часот, бидејќи и во Новинарскиот кодекс се наведува дека информациите кои се пласираат мора да се точни и проверени и притоа се додава: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.
Ваквите лажни вести и конструкции, не одат во прилог за подобрување на било какви услови во училиштата, туку напротив, можат само да наштетат во доверба во истите. Притоа, и самиот медиум не е сигурен во веста која ја пласира, што се докажува и од прашалната форма на насловот (фотографија во прилог).
Општина Ѓорче Петров останува отворена за медиумите и за јавноста, како и за сите прашања кои се од јавен карактер, но и за било каква критика која е заснована на факти.“