четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Ѓорче Петров без кал е приоритетен проект со кој целосно ќе се среди инфраструктурата

Стојкоски: Ѓорче Петров без кал е приоритетен проект со кој целосно ќе се среди инфраструктурата

Треба да се средат улиците во урбаниот дел на општината, како во надземна, така и подземна инфраструктура. Потребна е и санација на улици, како и на атмосферска канализација. Сега со дождовите приметивме во што се претвори општината. Колку била ефикасна општинската администрација се гледа деновиве, Ѓорче плива во вода, рече Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата Македонска телевизија.

Стојкоски укажа дека токму поради ситуацијата која е особено видлива деновиве проектот Ѓорче Петров без кал е приоритетен.

„Во 21 век зборуваме за работи кои се суштествени за граѓаните и конечно мора да ги средиме“, рече Стојкоски.

Според него во периодот кога претходно ВМРО-ДПМНЕ менаџираше со општината истата е поврзана со остантиот дел од градот, бидејќи беше отсечена.

„Во тој период меѓудругото беа направени три кружни тека, беа пробиени улици со што Ѓорче се поврза бидејќи претходно беше отсечено“, рече Стојкоски.

Стојкоски укажа дека во делот на дигитализација на општината не е направено ништо.

„Во Ѓорче ништо не е направено во никоја област. Значи нема ништо ниту реално, ниту дигитално, не видовме ниту еден проект во делот на дигитализација. Нека каже актуелниот градоначалник Наумовски колку проекти завршил, ако е завршен базенот да се бањаме тогаш таму, за клинички да не зборувам е сосема друга тема, една фарса со која се замајуваат граѓаните. За клиники нема никаков проект и сумата од пола милијарда евра не е конечна, тука не се влезени инфраструктурните зафати“, рече Стојкоски.