петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски ја објави програмата: Ѓорче Петров цела недела ќе биде центар на културно-уметнички и спортски настани

Стојкоски ја објави програмата: Ѓорче Петров цела недела ќе биде центар на културно-уметнички и спортски настани

Наша приказна, наша традиција! Со серија настани стартуваме со одбележување на 20 септември-Ден на Општина Ѓорче Петров. Со задоволство најавувам дека нашата општина цела недела ќе биде центар на културно – уметнички и спортски настани, истакна градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Во продолжение следува неговата детална најава за настаните:

Почнуваме во сабота во реонскот парк. Стартот е во 10 часот. Посетителите првпат ќе имаат можност во Ѓорче Петров да присуствуваат на Ден на органско производство. Попладнето во 17:30 стартува Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Златен вез“ на истата локација.

Недела е резервирана за Детскиот фестивал „Соната“ во 12 часот во реонскиот парк.

Во понеделник на 19 септември во 11 часот ќе спортуваме заедно со првачињата на стадионот „Македонски лавови“. Ова е одлична можност да ги насочиме нашите најмлади жители на спортски активности од најмлада возраст и да им го доближиме спортот како опција за здрав живот.

20 септември е Ден на Општина Ѓорче Петров. Ќе го одбележиме со целодневен свечен настан, но и со концерт кој ќе стартува во 18 часот. Програмата е наменета за сите возрасти. Настап на дечињата од градинката „Росица“, танцовото студио „Бранимир и Бранкица“ и КУД „Глигор Прличев“. Стојне Николова, Даниел Дан, Мијата и диџеј Горан, пак, се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат ѓорчепетровци во вторник во реонскиот парк.

Манифетацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево“-ЕФЗ Седум осмини и Ансамбл Ѓорче Петров е предвидена да се одржи во сабота на 24 септември во 12 часот во паркот. На овој настан ќе му претходи крводарителска акција во Центарот за култура во 10 часот, а денот ќе биде затворен со кинолошката изложба на стадионот „Македонски лавови“ во 18 часот.

Одбележувањето на општинскиот празник го завршуваме со настанот „Сите во Кучково“ на 25 септември во 12 часот со старт кај крстот во Кучково. Со велосипеди и пеш ќе ги промовираме новите велосипедски и пешачки патеки кои веќе се пуштени во употреба.

Ова е дел од годинешната програма на “Звуци на културата 2022”. Ве повикувам да ни се придружите на сите настани. Деновите што доаѓаат се одлична можност за дружба и релаксација.

Наша приказна, наша традиција…