Се работи за финална реализација на еден капитален проект за општината Ѓорче Петров, поконкретно за месната заедница Хром, а тоа е целосна ревитализација на коловозот на улицата „Манчу Матак“ во Хром, при што е изведена и целосно нова линија на атмосферска канализација, истакна Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.
-Самиот асфалтен слој е во приближна должина од некои 650 метри, додека пак атмосферската канализација со краците се со должина до 850 метри. Делот на атмосферската канализација кој што е под ова улица понатаму се приклучува на главниот колектор под улицата „Кичевска“ и оди се до реката Вардар. Многу битен проект за овој дел на населбата затоа што на овој начин ќе се регулира истекувањето на атмосферските води со што ќе се олесни да кажам и во дел канализациониот систем за отпадни води на самата улица, рече тој.
Дополнително произведба на работите на оваа улица се изврши и делумна промена на инсталациите за електрична енергија со што се остави простор да има можност да се приклучат повеќе објекти, да се подобри напонот во делот.
„Изведени се нови тротоари со приближна големина од некои 1700 метри квадратни.
Целиот овој проект е финансиран преку заем од МСИП 2 програмата на Светска Банка преку Министерството за финансии и конкретно овој проект чини отприлика околу 20 милиони денари“ – рече градоначалникот.