сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Сами го решаваме проблемот со натрупаниот смет поради хаосот во „Комунална хигиена“ (ВИДЕО)

Стојкоски: Сами го решаваме проблемот со натрупаниот смет поради хаосот во „Комунална хигиена“ (ВИДЕО)

Поради хаосот кој настана поради штрајкот во јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, неопходно е веднаш сами да го решаваме проблемот со натрупаниот смет во контејнерите на територијата на општина Ѓорче Петров, рече градоначалникот Александар Стојкоски.

„Побарав помош од градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, кој испрати соодветни возила за собирање на комунален смет. Вечерва екипите на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров заедно со механизација од Општина Велес ќе бидат на терен! Благодарност до Велес и до градоначалникот Марко Колев“ – рече тој.

Градоначалникот објави видео од чистењето: