недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Талески: Владеењето на Богдановиќ е фијаско, за време на мораториум во Центар зградите никнуваат како печурки

Талески: Владеењето на Богдановиќ е фијаско, за време на мораториум во Центар зградите никнуваат како печурки

Мораториумот со кој градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ толку многу се фалеше уште еднаш се покажа како голема лага, реагира Мартин Талески од ВМРО-ДПМНЕ.

„И за време на мораториум во Центар зградите никнуваат како печурки на секој чекор. Од она што веќе излезе во јавност дозволи за градба се издаваат во целиот досегашен мандат на актуелниот градоначалник во период од 3 години. Како што можете да видите се издаваа одобренија за градба во 2018, 2019 и 2020 година.

Дополнително урбанистичките планови со кои на граѓаните им се овозможи похуман живот се во застој. Од досегашните 34 урбанистички планови кој што ги има на територија на Центар, изработени во период од 3 години се само 5.

Ова е доказ дека владеењето на Саша Богдановиќ е фијаско. Ветувањата кои им ги даваше на центарци се покажаа како неостварливи, а мораториумот кој 3 години е на сила е стопиран од Уставниот Суд.

Богдановиќ исто така треба да им одговори на граѓаните на општина Центар, колку дозволи за изградба на згради има издадено во неговиот 3 годишен мандат како градоначалник“ – порача тој.