сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Трајановски: Руши си Петре, ама дивоградби, знаменитости на Скопје да не си пипнал

Трајановски: Руши си Петре, ама дивоградби, знаменитости на Скопје да не си пипнал

Универзалната Сала во Скопје е круна или трајно обележје на солидарните дарители за возобновување на Скопје по фаталниот земјотрес кој го зафати градот во 1963та година, реагира советникот Александар Трајановски од партијата ГРОМ.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: 

Симбол на градот на солидарноста, епитет кој Скопје го носи од трагичниот земјотрес па се до денес.

Во изградбата, со значајна материјална (финансиска) помош учествуваа повеќе од 35 држави од светот, со чии средства е купен монтажниот објект „Универзална сала“ од бугарската компанија „Техноекспортстрој“. Договорот за купопродажба на објектот за сала со капацитет од 1.800 седишта е потпишан на 11 јули 1964 година во Софија.

Официјално Универзална Сала започна со работа на 01 Јануари 1966 година.

Петре „како дувне ветре“ прво најавуваше откочување на процесот за изградба и реконстукција, потоа го поништи проектот „Јајце“ за нова Универзална Сала како несоодветен, најави избор на нов проект и нов изглед, а сега најавува рушење на симболот на солидарноста на земјите кои помогнаа Скопје да застане на нозе по земјотресот во 1963та година.

Руши си Петре, ама дивоградби, знаменитостите на Скопје да не си ги пипнал“-порача тој.