Во емисијата “Филибастер“ на радио Лидер гостуваше советникот во град Скопје, Александар Трајановски кој кажа дека парите од 4 годишното владеење на градоначалникот на градот Скопје се трошат залудно и дека Шилегов како татко на градот со повеќе од 400.000 милиони евра буџет за 4 години нема ниту еден значаен проект изградено за Скопје.
-Парите на скопјани се трошат залудно, 400 милиони буџет за 4 години е сериозна сума на пари за 4 буџетски години со кој што градот Скопје требаше да направи барем нешто маркантно, односно овој градоначалник требаше да направи барем нешто маркантно во неговиот мандат кој што ќе остане да кажува на историјата, дека токму оваа градба или овој објект е направен во тоа и тоа време од тој градоначалник, рече Трајановски.
Имено, Трајановски појасни дека скоро сите градоначалници на град Скопје може да се пофалат со некој значаен проект во нивните мандати кои се во служба на градот Скопје и скопјани, но не и Шилегов кој троши огромни пари за сосема незначајни проекти, но не и за она што е најзначајно за градот Скопје и граѓаните.
– Сите градоначалници на Скопје имаат такви проекти, но не и Шилегов. Единствен проект на Шилегов е дино паркот од пластика кој чини 350.000 евра. Иста ваква сума е потрошена за домот на пингвините проекти за кои можеше да се потроши могу помалку средства и да ги реалоцира за поважни и круцијални проекти, дополни Трајановски.