понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Улици во Бутел ќе немаат вода во понеделник

Улици во Бутел ќе немаат вода во понеделник

Регионалниот центар за управување со кризи на  Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека  на ден 03.10.2022 година (понеделник) :

Поради промена на 2 затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм и ф-200 мм на крстосницата од улиците: Призренска и Бутелска, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Призренска, дел од Бутелска,  Марко Крале, Мостарска, Галичник и Пребондова. (Општина Бутел)