вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Уште еден проблем на граѓаните на Ѓорче Петров: На државно земјиште подигната ограда и се наплаќа за паркинг на автобуси!

Уште еден проблем на граѓаните на Ѓорче Петров: На државно земјиште подигната ограда и се наплаќа за паркинг на автобуси!

На државно земјиште, каде што е предвиден парк, некој си крева ограда си става објект и почнува да наплаќа за паркинг на автобуси, се вели во објавата на Фејсбук страницата Ѓорче Петров.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата објава:

Уште еден проблем на граѓаните на Ѓорче Петров пристигнат во инбокс.

Мило ни е што се повеќе граѓани ја препознаваат суштината на оваа страница – се што објавено тука за два – три дена се решава.

Ова е кај комплексот згради спроти стадионот на ФК Македонија Ѓорче Петров. Таму живеат стотици семејства и густо концентрирано население со многу мали дечиња.

На овој простор согласно деталниот урбанистички план предвидено е паркче кое предизборно и беше ветувано.

Земјиштето е државно.

Од нигде никаде после изборите се става мобилна трафика и се крева ограда и почнува да функционира паркиралиште за автобуси кое внимавајте се НАПЛАЌА.

Значи на државно земјиште, каде што е предвиден парк, некој си крева ограда си става објект и почнува да наплаќа за паркинг на автобуси !!!

Автобусите доаѓаат и одат, дечињата тука најчесто играат, а впрочем и самата парцела и состојбата на тој комплекс не дозволуваат концентрација на вакви возила и заради безбедноста на жители но и поради аерозагадувањето.

Да беше некоја гаражичка или натстрешница досега инспекторите ќе беа излезени, ама сега ги нема никаде.

КОЈ ГО ДОЗВОЛИЛ ОВА !?
ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА НЕКОЈ ЗЕМА ПАРИ ЗА КИРИЈА НА РАКА !?

Доколку најитно не е реши овој проблем, ние граѓаните од овој комплекс ќе излеземе на протест, бидејќи сме излажани и се чувствуваме небезбедни.