Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 19.07.2022г, поради изведување на водоводен приклучок ф-600 мм на ул. 1523/14 Пинтија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Борис Трајковски (од крстосницата со бул. Србија до мостот пред Драчево и краковите 3,5,7,9 и 11), с. Усје, населено место Каменик и дел од Пинтија.
Можно е намалување на притисокот на водоснабдувањето во населбите Драчево , Батинци, Студеничани и Морани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.