Поради замена на затворач ф-125 милиметри на улица „Коце Металец“ број 13, утре од 8 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во скопската населба Железара.
Како што информираа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе бидат корисниците на делови од улиците „Коце Металец“, и тоа од броевите 1 до 13 и од 2 до 82, и од „Душан Тасковиќ“, како и „Ремедика“ и поликлиниката „Железара“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до завршување со активностите за замена на затворачот.