ЈП „Водовод и канализација“ ја одложи за утре интервенцијата на водоводната мрежа на улицата „Маршал Тито“ бб во Сарај, поради технички причини (дислокација на електрична бандера).
Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Сарај, селата Грчец, Љубин, Матка, Глумово, Шишево и Крушопек од 8:00 часот до 15:00 часот во Општина Сарај.