недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Утре без вода корисниците лоцирани околу Градски парк и Градски стадион

Утре без вода корисниците лоцирани околу Градски парк и Градски стадион

Без вода утре од девет часот ќе бидат корисниците лоцирани на потегот од Градски парк – Фонтана до Влада и дел од Градски парк и Градски стадион.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на ул.„Ристо Шишков“ раскрсница со „Благоја Страчков“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.