Сдсм и Шилегов стигнаа за скоро 4 години да реализираат 100% од својата програма и сега имињата дојдоа на ред!? – НЕ ова е само реторички заклучок! Тие немаат реализирано ниту 10% од она што ветија. Нема нови булевари, нема нови паркови, нема почист воздух, нема трамвај, со еден збор нема ништо, реагира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Чаир Ѓоко Велковски.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме целата објава на велковски:
На 30.03.2021 ќе се одржи седница на Советот на Град Скопје каде што една од точките од дневниот ред е и точката за промена на имиња на улици во град Скопје.
Сдсм и Шилегов стигнаа за скоро 4 години да реализираат 100% од својата програма и сега имињата дојдоа на ред!?
– НЕ ова е само реторички заклучок! Тие немаат реализирано ниту 10% од она што ветија. Нема нови булевари, нема нови паркови, нема почист воздух, нема трамвај, со еден збор нема ништо.
И сега да се вратиме на улициве, ќе пишувам за Чаир, затоа што одлично ја познавам оваа ситуација. Во Општина Чаир сакаат да менуваат повеќе од 30 имиња на улици и тоа:
Крсте Асенов = Дервиш Хима
Добри Даскалов = Теки Дервиши
Ордан Чопела = Ментаз Алаибегу
Перe Тошев = Лек Дукаѓини
Аугуст Цесарец = Мехмет Гега
Благоја Паровиќ = Исмаил Ќемали
Божин Стојков = Имри Елези
Војдан Чернодрински = Хоџа Атула Куртиши Ата
Стојна Стевкова = Ахмет Хајдари
Чаирска = Ремзи Хоџа
Втора македонска Бригада = Адем Демачи
Вуковарска = 28 ноември
Дижонска = 22 ноември
Дижонска 13 = Жртвите на Блаце
Дижонска 15 = Фаик Коница
Дижонска 17 = Адем Микуловци
Дижонска 19 = Ѓерасим Ќириази
Дижонска 21 = Дервиш Цара
Дижонска 23 = Ѓон Бозуку
Дижонска 25 = Ласгуш Порадеци
Дижонска 1 = Авни Мула
Дижонска 7 = Шабан Трстена
Дижонска 9 = Ѓерѓ Фишта
Јајце = Фадил Бектеши
Коста Абрашевиќ = ЛПК (Народно движење за Косово)
Кримска = Кралица Теута
Лазар Трповски = Неџип Драга
Македонска Косовска Бригада = Митхат Фрашери
Македонски Кралеви = Неџат Аголи
Е сега да дадам статистичка слика за дел од нив:
– 90% од овие улици не се асфалтирани и сервисирани повеќе од 30 години
– 70% се раскопани и со дупки
– 50% немаат атмосферска канализација
– 60% пијат вода од цевки кои се стари повеќе од 60 години
– 90% се толку тесни поради урбаната мафија што нема простор да се разминат 2 возила
И сега на некој си таму, за да потикне некои ниски страсти му текнало, досегашната улица Ордан Чопела, име на улица поставена во 80-тите години од минатиот век, да се вика Ментаз Алаибегу. Кога ќе изгуглате ниту ќе излезе нешто за оваа личност ниту има некоја инфорација за која личност се работи, на интернет пребарувачите нема ништо. Важно нема да биде некое македонско име или некоја личност од историско значење за сите народи во Чаир, ќе биде стрикно АЛБАНСКА личност, не важно што таа личност нема ништо направено за Чаир и Македонија.
Они мислат еве за инат на Македонците, ама забораваат дека во Чаир живеат над 2.000 роми, над 1.000 бошњаци, над 3.000 турци и останати помали етнички заедници. Што мислите со промена на над 30 имиња на улици и поставување САМО на албански имиња дека ќе постигнете нешто.
Ќе ви дадам одма одговор, НЕ нема да постигнете, и доста со овие ниски страсти, луѓето веќе не ви веруваат, без оглед од која етничка заедница потекнуваме сите ние, сите сакаат подобар живот, сакаат подобро здравство, подобро образование, подобра плата, чисти улици, чист воздух, паркинг простор, безбедна средина за живеење. А промената на име на некоја улица нема ништо да им смени. Единствено што ќе им смени, се помалку пари во нивниот џеб, бидејќи ќе треба да вадат нова лична карта, возачка дозвола, пасош, имотни листови, сите овие работи ќе ги изложува граѓаните на Чаир на финансиски трошок.
Ако мислите дека со ова повторно ќе купите 12.000 албански гласови во Чаир сте се излажале.
Граѓаните во Чаир од сите етнички заедници сакаат квалитетен живот во средината каде што живеат, а промена на имињата на улиците никогаш
нема да им го постигне тоа.
Поради се погоре што наведов апелирам до сите советници во град Скопје, да размислат за што гласаат, да ја отфрлат оваа одлука и да седнат да размислат како да го направат животот на граѓаните на Општина Чаир подобар и поквалитетен, пишува Велковски во својата објава.