Шилегов и неговиот таканаречен кружен тек!, пишува Координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир Ѓоко Велковски на Фејсбук.
-На 2-ри Ноември 2019 година кога беше завршена реконструкцијата, читај гребење на 1 милиметар асфалт, на сега веќе поранешната улица Лазо Трповски, денешна Ферид Мурати во Опшитна Чаир, како Координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир јавно го повикав Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов да даде одговор на следните прашања:
-Кои се минимум стандардите и минимум пропорциите за изградба на кружен тек согласно закон?
-Како може на улица која ниту има потреба, а најмалку соодветен простор да се изгради еден ваков кружен тек?
-Дали оваа градежна ситуација е предвидена во проектот на постоечката улица Ферид Мурати?
-Дали оваа градежната ситуација е предвидена во техничката спецификација на постапката за јавна набавка која ја опфаќа реконстуркцијата на улицата Ферид Мурати?
-Дали истата е заведена во пропратната градежна ситуација и градежен дневник од фирмата која ја изведуваше градежната ситуација на оваа улица?
И пред повеќе од една година и денес остануваат неодговорени овие прашања, со тоа што пред само неколку дена се започна со нови градежни активности на овој потег на овој таканаречен кружен тек. Започнати се зафати за проширување на кракот кај кружниот тек за да може истот да биде функционален. Добро е што и покрај тоа што не одговараше на прашањата на граѓаните на Општина Чаир за овој циркузантски и непрактичн кружен тек, што конечно се надеваме дека се исправува оваа грешка и со надеж дека новиот градежен зафат на овој дел од улицата ќе донесе поголема функционалност и безбедност и на учесниците во сообраќајот и на пешаците.
Денес нашите прашања, а истите се сосема легитимни, зошто требаше да се вложуваат повторно средства и да се трошат парите на граѓаните на општина Чаир кои ги плаќаат во форма на даноци и други давачки. Колку средства дополнително се трошат за да се санираат грешките кои ги прави Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и неговите советници. Зошто да се плаќа за една иста работа повеќе пати, зар граѓаните на општина Чаир заслужиле ваков однос од градските власти.
Петре Шилегов и СДСМ и денес како и пред скоро четри години даваат секакви ветувања, меѓутоа за Чаир и Чаирчани ќе останаа само лажните ветувања и ништо повеќе од тоа. Не исполнија ниту еден капитален проект кој беше ветен од страна на Шилегов во неговата програма, што релно и не ме зачудува, меѓутоа и веќе готовите проекти кои беа оставени само за реализација требаа да седат повеќе од 3 години во фиоките на градската управа само за да се заборави дека ВМРО-ДПМНЕ и неговите градоначалници во Град Скопје вистински се грижеа за жителите на Чаир. Меѓутоа од овие постапки на Петре Шилегов страдаат само и единствено граѓаните на Општина Чаир, пишува Ѓоко Велковски на Фејсбук.