Носителот на советничката листа на Коалицијата за Обнова на Македонија, Игор Лазерев од СПМ ги повика денес на обединување на носителите на листа за Центар од Левица, Марија Среброва и независната листа на Јана Белчевска. За реализација на нивните квалитетни проекти во наредниот период според Лазарев потребно е Наташа Котлар да застане на чело на Општина Центар.
-Сите кои во првиот круг гласаа за кандидат кој не влезе во вториот круг и сите останати кои не гласаа ги повикувам да гласаат во вториот круг за професорката Наташа Котлар, заклучи Лазарев.