вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Мрзеливиот Шилегов 3 месеци пред избори ветува проекти, а 4 години со прст нема мрднато

ВМРО-ДПМНЕ: Мрзеливиот Шилегов 3 месеци пред избори ветува проекти, а 4 години со прст нема мрднато

Мрзеливиот Шилегов 3 месеци пред избори ветува проекти, а 4 години со прст нема мрднато. Шилегов ветуваше и тунел под Кале, па завршивме само со ѓубре под Кале, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-4 години се фали дека ќе направи продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, а од тоа нема ништо, покрај Вардар се само дивите депонии како Вардариште кои Шилегов никако да ги исчисти. Шилегов вети многу, а не направи ништо. Тој ќе остане запаметен како најмрзеливиот градоначалник на Скопје, без ниту еден капитален проект, велат од партијата и додаваат:

„4 години единствена преокупација на Шилегов му се матните зделки со градски пари. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ. Македонија за сите луѓе!“.