Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати.
На дело се виде коалицијата Арсовска и СДС со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет – се наведува во партиското соопштение.