вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Внимавајте на милениците и децата: Во Карпош змија отровница слободно се шета по тротоар (ФОТО)

Внимавајте на милениците и децата: Во Карпош змија отровница слободно се шета по тротоар (ФОТО)

На социјалните мрежи денеска се појавија нови фотографии на кои јасно се гледа како повторно во центарот на Скопје, поточно во населбата Карпош 4 слободно се шета змија оттровница.

Фотографиите ги објавија револтираните граѓани кои во Карпош ја затекнале змијата пред нивната зграда и се обиделе да ја убијат но не успеале.

-Драги пријатели, Не се разбирам многу во влекачи и змии, но во Карпош 4 во близина на кејот на Вардар (и тоа на тротоарот пред зграда) е видена змија, не е мала, не знам дали е отровна или не, во секој случај е језива,  па само да ви кажам внимавајте на своите миленици и дечиња.

Под оваа објава стојат и неколку коментари дека змијата е отровница.