сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во Центар за една недела санкционирани 162 непрописно паркирани возила

Во Центар за една недела санкционирани 162 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 162 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 22.03. до 28.03.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 72 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 90 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.