петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во овие скопски општини се враќа коронавирусот- бројката на новозаразени ќе го надмине и Аеродром кој е на врвот

Во овие скопски општини се враќа коронавирусот- бројката на новозаразени ќе го надмине и Аеродром кој е на врвот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г). Сите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293,  бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•Чаир – 56

•Гази Баба – 75

•Аеродром – 98

•Карпош – 68

•Центар – 65

•Кисела Вода – 55

•Ѓорче Петров – 37

•Бутел – 39

•Шуто Оризари – 23

•Студеничани – 16

•Сарај – 16

•Арачиново – 10

•Илинден – 12

•Сопиште – 4

•Чучер Сандево – 1

•Петровец – 4

•Зелениково – 1

•Странец – 4

•Нераспределен-4