вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Вработените од скопскиот Центар за социјална работа се жалат дека останале без декемвриската плата – директорот им отишол на аџилак

Вработените од скопскиот Центар за социјална работа се жалат дека останале без декемвриската плата – директорот им отишол на аџилак

Преку 230 вработени во Центарот за социјална работа на град Скопје нема да добијат плата. Вршителот на должноста директорот заминал на аџилак во Мека, Саудиска Арабија.

Налогот за исплата на плати на вработените не го потпишал, а негова замена нема.

Извори од Центарот утрово реагираа дека во најдолгиот месец во годината, дел од семејствата кои имаат само едно вработено лице нема да ја однесат платата дома, а престојните празници ќе ги поминат дури и со празни трпези.

Вработените велат дека и бројот на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик пораснал, дека расте и бројот на незадоволни граѓани од услугите кои ги добиваат од оваа институција.

Исто така, вработените не добивале стимулации во работната средина, така што разочараноста и апатијата била присутна кај сите нив.

Инаку, Центарот за социјална работа на град Скопје е со најголем број на вработени во цела држава и тоа со шест подрачни единици. Најголем дел од семејствата имаат деца. Кризата ги погоди сите, платите се замрзнати, а цените во потрошувачката кошничка вртоглаво растат.