среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата на Водно од денеска, пак, ќе работи од 10 до 20 часот.

– Од мај жичарницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работното време за период мај – септември. Од 19 – 19.30 часот е последното возење од долу нагоре, а во 19.45 часот ќе биде последното возење од горе надолу, објави ЈСП.