среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жителите на Аеродром и Карпош без вода

Жителите на Аеродром и Карпош без вода

Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“ и дел од „3-та Македонска Бригада“, вклучително и поранешната амбуланта „Пролет“ во Општина Аеродром.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. „Никола Карев“ бр.9.

Исто така, д 10:00 часот без вода ќе бидат корисниците од улицата „Козле“ (од бр.1-до бр.55, непарни броеви) во Општина Карпош, поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на ул. „Козле“ бр.21 б.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите. (МИА)