понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жугиќ: Ги повикуваме Шилегов и неговите послушници да ја вратат старата цена на градскиот паркинг и да мислат на граѓаните

Жугиќ: Ги повикуваме Шилегов и неговите послушници да ја вратат старата цена на градскиот паркинг и да мислат на граѓаните

Во екот на пандемијата, на економскиот колапс и на галопирачкиот раст на сиромаштија, СДСМ и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов го поскапеа паркирањето во градот. Го повикуваме Шилегов и неговите послушници во Советот на Град Скопје да се вразумат и да ја вратат старата цена на градскиот паркинг, а потешкотиите во работењето на претпријатието да го помогнат од градската каса, не од џебот на граѓаните,  истакна денес Јелена Жугиќ, советник во Град Скопје.

-Шилегов не само што ја зголеми месечната карта во катните гаражи кои се под надлежност на „Градски паркинг“  за 100%, туку ја зголеми и цената за час на зонското паркирање од 10% до 20% во однос на старата тарифа. За секој час паркирање на зонските места, цената на билетот е зголемена за 5 денари. Оваа одлука е апсурдна! Во време кога градскиот превоз се одвива со намален капацитет и кога временските услови не дозволуваат користење на алтернативен превоз, велосипеди и тротинети, во време кога илјадници граѓани живеат во сиромаштија со 120денари  дневно, во време кога десетици илјади скопјани останаа без работа,  СДСМ и Петре Шилегов го поскапеа паркирањето дури и до двојно повеќе, истакна таа.

„Шилегов, лажниот социјалдемократ удира по џебот на граѓаните за да го прикрие своето неодговорно, неекономско и неделотворно работење. Парите во износ од над половина милион евра кои во сред пандемија ги потроши за пластични диносауруси и новогодишни сијалички, сега тој решил да ги наплаќа од граѓаните. Лажниот социјалдемократ донесе одлука за поскапување на паркинг услугите во време кога поскапе и струјата и  водата, кога поскапеа горивата и пораснаа цените во малопродажбата“ – дополни таа.

Жугиќ својата прес-конференција ја заврши со, како што рече, неколку стихови во духот на новогодишните празници.

„Среде Скопје високо елката ни стои и ја красат играчки од илјадници евра и бои,

И додека народот за егзистенција се бори,

Петре сака од паркирање пари да си брои.

Петре од бајките милно ни се смее и ни вели весело секој нека венее.

Петре, Петре место дарови во криза да реди

тој нашите џебови упорно ги цеди“.