Васил Гарванлиев вечерва настапи како шести на евровизиската сцена во рамките на првата полуфинална вечер.
Македонскиот евровизиски претставник со моќен вокал ја изведе „Here I Stand“. Текстот на песната е негово дело, а тој се погрижи и за музиката заедно со Давор Јордановски и Борче Кузмановски.
Евровизијата, која е 65-та по ред, се одржува, во Холандија.
Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија.
Финалето за оние кои ќе поминат во двете полуфинални вечери, ќе се одржи во сабота на 22 мај.