понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

„Ангел што ме тера на гнев“: ЛИБЕРО БЕНД објавија нова песна- момците воодушевија (ВИДЕО)

„Ангел што ме тера на гнев“: ЛИБЕРО БЕНД објавија нова песна- момците воодушевија (ВИДЕО)

Либеро бенд објавија нова песна. Се вика „Ангел“ и од прво слушање ја воодушеви публиката.

Најбараниот македонски бенд уште еднаш покажа дека со напорна работа и посветеност ја побива тезата дека состојбата на музичката сцена кај нас не е добра.

Иван Иванов, Александар Темелковски, Дејан Стојановиќ, Алек Тасевски и Јордан Георгиевски прекрасната песна ја промовираа и со одличен видео запис.

Зад музиката и текстот се потпишаа славните брат и сестра Лазар и Магдалена Цветковски.

Уживајте во новата песна на ЛИБЕРО!