среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Музика

БИСЕР БАЛКАНСКИ ечеше во Белград: Групата КРУНА го чува од заборав изворниот македонски мелос

БИСЕР БАЛКАНСКИ ечеше во Белград: Групата КРУНА го чува од заборав изворниот македонски мелос

Легендарната македонска песна „Бисер Балкански“ ечеше во Белград, благодарение на македонската група „Круна“, која настапи заедно со кралот на саксофон Ферус Мустафов. Тие заедно направија преубава Македонска вечер во срцето на Србија.

Бројни пофални зборови пристигнаа на нивната адреса ширум целиот свет каде што има наши Македонци.

Благодарни се на сите кои за нив упатија честитки и убави зборови и на сите оние кои изразија поддршка за она што тие како група знаат да го направат.

Група Круна може да се пофали со бројни настапи овде низ Македонија но и надвор од неа. Во март гостуваат во Швајцарија и Германија, па сите нашинци таму можат да ги посетат нивните забави и да уживаат во убавините на македонската песна.

Џељо Дестановски и Орде Неделковски (фронтмени на групата „Круна“)

Орде Неделковски и Џељо Дестановски се фронтмените на „Круна“, македонска група која позади себе има бројни настапи на видни македонски фестивали, но и многу свои песни и ора.

„Помогни ми“ на Орде Неделковски е песна која е веќе омилена на публиката и се пее на секоја веселба. Мерак Зурла е орото по кое го познаваме Џељо Дестановски.

Група „Круна“ пред краток период ја лансираше и својата трета по ред песна за која се сними и видео спот под наслов „Наде Моме Убаво“.

Орде Неделковски настапи на Роса Фест со неговата најнова песна „Мераклија“ и Џељо Дестановски го објави своето ново „Вујкино Оро“ кое е снимено заедно со дел од оркестарот на веќе добро познатиот Џамбо Агушев.

Група „Круна“ веќе спрема и 4-та авторска песна. Една од нивните најпознати нумери е песната „Ти Си Ми Се“. Нивната популарност и омиленост кај публиката е се’ поголема поради негувањето на нашите традиционални македонски инструменти на секоја нивна свирка.

Исто така, тие можат да се пофалат со огромен број на ангажмани на свадбените прослави кои следуваат после велигденските празници.

Група „Круна“

Нас ни преостанува да ги поддржиме и да ги бодриме во нивната работа, а тие ќе не наградат сите нас со нови убави Македонски песни и ора.