Како што е познато, Даниел Крег повеќе нема да го игра Џејмс Бонд по филмот „No Time To Die“. Да се прашуваше тој, тоа ќе се случеше порано. Односно, по филмот „Casino Royale“ од 2006 г.
„Возев од берлинската премиера на Casino Royale со продуцентката Барбара Броколи. Искрено мислев дека ќе направам еден филм за Бонд и потоа ќе биде готово. Но, тогаш знаевме дека имаме хит. Сфатив колку е огромен, па затоа ѝ реков на Барбара: Уште колку? Три? Четири? Таа рече: Четири! Реков: Добро. Може ли да го убијам тогаш? Таа рече: Да“, изјави Даниел Крег за Sunday Times.
Крег, на крајот, не сакаше повеќе да го игра Бонд.
„Реков: „Тоа е тоа. Не сакам да правам ништо повеќе“, рече Крег за влегувањето во неговиот последен филм 007.
„Вистинската трагедија е кога немаш апсолутно никаков избор. Моравме да најдеме начин неговата смрт да не биде избор. Тоа беше најсреќниот Бонд досега бидејќи го најде токму она што го бараше. Како и сите на Земјата, тој бараше љубов“, рече Крег.
„Ако го убиеме Бонд, можеме да почнеме од почеток. Мислам дека тоа го мислеше и Барбара. Но, МГМ рече: „Што зборуваш? Дали си луд?” Имаше неподготвеност. Затоа, всушност, моравме да го направиме тоа во тајност”, рекол Крег.