Уживајте во далматинските звуци на неверојатниот вокал на Јелена Розга во Вашиот омилен музички бар Интермецо.
Јелена Розга се прослави како вокал во хрватската група Магазин која е безвременски фаворит во сите бивши ЈУ простори.
После првиот соло албум Oprosti mala, постигна огромен успех и во соло кариерата. Розга е позната по своите енергични настапи кои зрачат со позитивна енергија и гарантираат незаборавна забава.
2 јуни, четврток во 20.00 часот во Интермецо, обожавателите на нејзината музика и музиката од групата Магазин можат да бидат дел од овој летен концерт кој сигурно ќе ви донесе незаборавни спомени.
Резервирајте навреме, бројот на влезници е ограничен.