четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Девојките од „Фрајле“ со голем концерт на отворено во Скопје

Девојките од „Фрајле“ со голем концерт на отворено во Скопје

Тие се миленички на македонската публика, па токму поради тоа и тие често во нивните интервјуа споменуваат дека од Македонија ги носат најубавите спомени…

Поради таа причина, Наташа, Јелена и Невена од триото „Фрајле“ повторно ни доаѓаат во нашата метропола, но овојпат на еден голем концерт и тоа на отворено.

Имено, на 18-ти јуни пред платото на МОБ овие популарни новосаѓанки закажаа неколкучасовно дружење со публиката.
Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 11-ти изненадат со некоја нова преработка на песна…

„Доста беше од корона, карантини и слично. Време е да се вратиме на оној „стариот“, но добар живот, каде што никој никому забранува да пее и да се смее на глас. Искрено се радуваме на повторната средба со македонската публика – велат популарните девојки од Војводина.

Организаторите на овој настан – „Прагма продукција“ велат дека скопјани заслужуваат еден ваков музички подарок.
„Публиката во Македонија ги обожава овие девојки и она што тие го прават. Интересот е преголем, а ние може да ветиме одлична музичка вечер – накусо изјавија од продукцијата.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат онлајн преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com – како и во „Југотон“ и „Розе Веро 2“.

Се гледаме на 18-ти јуни пред платото на МОБ – голем концерт на „Фрајле“!