Канадскиот пејач Џастин Бибер, по неколку одложувања, ги откажа сите преостанати датуми од неговата светска турнеја. Во објавата на официјалниот твитер-профил на турнејата, не е наведена причината за ова последно откажување.
„Џастин Бибер официјално ги откажа преостанатите датуми на неговата светска турнеја ‘Justice’. Пријавете се кај вашето место за купување билети за враќање на парите за датумите на настапите“, се наведува во објавета на Твитер.
Бибер (29) минатото лето откри дека боледува од синдромот „Рамзи Хант“, што му предизвикува парализа на лицето.